Категории

Часовникот отчукува, секоја секунда е неповратна – Живеј сега!

Затоа што животот е прекраток за да се изгубиш во недоразбирањата..

Со текот на времето сфаќаш дека конфликтите се сосема непотребни. Драмите се тотално бесмислени, а стресот е резултат на сето беспотребно и бесмислено.
Се може да се реши на многу едноставен и цивилизиран начин, но тогаш тоа веројатно би се нарекувало поинаку, а не – живот.
Само најголемата штета е во тоа што мораш да сфатиш „со тек на време“.

Сето тоа мораш прво да го почувствуваш на своја кожа за конечно да се одлучиш дека не сакаш било кој дел од тоа нездраво опкружување на те вовлекува во својот немир. Што мораш да се оддалечиш од некои луѓе за да се сочуваш себеси и својот мир.
Но сето тоа е процес на растење и созревање низ кој секој мора да помине.
Некој порано, а некој подоцна.

Мораш да ја запознаеш лошата страна за да го цениш она доброто кое е всушност секогаш тука, само не му си се препуштил.
И колку побрзо сфатиш, ќе можеш да ја насочиш својата енергија спрема она кое си го пропуштил.

Кога се наоѓаш на својата територија и во топлината на својот дом и срце.
Кога го работиш она кое те прави среќен и те исполнува.
Кога луѓето околу тебе со својата светлина ти укажуваат на онаа убавата страна на животот.
Тогаш сето тоа е доволно за да бидеш спокоен, затоа што животот е прекраток за да се изгубиш во недоразбирањата, лошото расположение и сето она кое му нанесува болка на твојата душа.
Часовникот отчукува, секоја секунда е неповратна.
И затоа живеј со сета сила.

Прегледи:
593
Објавено на:
19.06.2020