Категории

Љубовта на фотографирањето на мачки е стара колку и самата фотографија – Развиени фотографии од мачка стари 120 години

Францускиот фотограф, креатор на филмови и Јутјубер Метју Стерн станал заинтересиран за интересниот свет на временските капсули. Тој нашол една таква капсула во подрумот на неговиот семеен дом. Временската капсула се состоела од прекрасно дизајнирана античка кутија од 1900-та година, а во неа имало хартиена кукла, метални паричиња, компас, морска школка и писмо – остатоци од малечко девојче кое живеело во 1900-тите. Во кутијата имало и нешто фасцинантно за Стерн: два стаклени негативи. Стерн ги развил преку стар фотографски метод, наречен цијанотип.

Стерн внимателно го извел овој фотографски проект со неверојатна нежност и трпение, за на крај да открие дека фотографиите ги покажуваат обожуваните животинчиња на девојчето кое било сопственик на временската капсула. Девојчето очигледно не сакало нејзините миленици да се заборават, а Стерн со неговата внимателност, се осигурал во желбата на девојченцето кое живеело 120 години пред него.

Ова се развиените фотографии:

А, овде можете да го погледнете целиот процес на развивањето на фотографиите: