Категории

Тајната е во тоа да ја пронајдеш среќата за себеси – Не среќата според критериумите на другите

Едно од најважните нешта за кои во животот никој не те учи е тоа дека понекогаш можеш да правиш се на вистински начин и сепак да бидеш несреќен…

Едно од најважните нешта за кои во животот никој не те учи е тоа дека понекогаш можеш да правиш се на вистински начин и сепак да бидеш несреќен.
Да ги кажуваш сите точни нешта, да правиш онака како што ти е речено да правиш, да ги следиш сите чекори на луѓето кои се колнат дека тие се тајната на нивниот успех, да го присвоиш нивното размислување, да се наоружаш со нивната стратегија – и сепак на крајот да бидеш незадоволен.

И сето тоа е поради тоа што не си одлучиш да се слушаш себеси.
Најдобрите нешта доаѓаат тогаш кога ќе почнеш да го слушаш внатрешниот глас и неговите посакувања.
Кога ќе престанеш да се водиш според туѓи правила и совети околу тоа што треба да направиш.

И понекогаш ќе направиш погрешни избори кои нема да бидат по волја на другите, ќе згрешиш и ќе се покаеш. Но барем си ги следел сопствените инстинкти, си згрешил затоа што те излажала сопствената интуиција, си згрешил поради себеси и си научил.
Но на крајот на краиштата ќе можеш да кажеш дека си се водел според своите избори, сетоа она кое си го доживеал и си го направил било поради тоа што си сметал дека во даден миг тоа било она кое требал да биде направено, а не затоа што си послушал некој друг.

Затоа што на крајот на краиштата, најважно е да се направиш горд себеси а не другите.
Тајната е во тоа да ја пронајдеш среќата за себеси, а не среќата според критериумите на другите.

Прегледи:
507
Објавено на:
14.08.2020