Категории

Најзгодната македонка со летна фотосесија + Совети за совршено тело и одлично лето

Доколку ви недостигаше фитнес инспирација за летово, без грижа, сигурно ќе ве размрда фотосесијата од пилатес гуруто Јасна Лековска. 

Со Јасна разговаравме по повод зимската колекција на брендот Women’secret, но со доаѓањето на летото, ни пристигна и нова фотосесија со одлични летни парчиња од брендот. Најзгодната македонка е совршена за презентација на колекцијата за вежбање на брендот, хеланките и спортските градници, а секако тука е и големиот избор на костими за капење, едноделни и дводелни, во различни бои и стилови.

Убавиот изглед не се состои само од убави парчиња облека, мора да се чуствуваме убаво во сопствената кожа, а секако мора и да го доведеме нашето здравје и изглед во одлична форма. За да го извадиме максимумот од себе и да изгледаме најдобро што можеме, треба да следиме некои основни правила.

Рецепт за совршено тело?

Вежбајте барем 3 пати неделно. Комбинирајте кардио тренинзи и вежби за сила, со што би постигнале оптимални резултати.

Клучно за добри резултати е да го најдете видот на спорт кој најмногу ви одговара, а после е лесно.

Јадете свежо овошје и зеленчук, но никако не го заборавајте протеинот, бидејќи тој е клучен за зголемување на мускулната маса.

Избегнувајте вештачки шеќери и сокови, конзумирајте свежо овошје, но почестете се со темно чоколадо.

Пијте многу вода, а за добра детоксикација на организмот одличен е лимонот во комбинација со рендан ѓумбир и нане.

Користете го убавото време и наместо на кафе, одете на прошетка.

За големи резултати е потребно време, одете чекор по чекор, уживајте во секој момент и сакајте се себе си.

Рецепт за совршено лето?

Најдете ја идеалната летна дестинација за вас.

Изберете кул друштво.

Најдете го совршениот костим за капење во зависност од вашето тело и стил.

Спакувајте се.

Пијте коктели, забавувајте се и уживајте.

 

Прегледи:
588
Објавено на:
30.05.2016