Во секојдневието често многу пати правиме работи кои се лоши за кожата, но не сме свесни дека тие ни штетат. Всушност мали промени може да донесат многу позитивни резултати во нашето здравје, како и да имаме здрава и негувана кожа. Ова се некои од најчестите грешки кои жените ги прават.
1. Ги одбирате погрешните производи
Многу е важно која козметика ќе ја одберете. Треба да ја прилагодите на вашата возраст, на вашиот вид на лица и на вашиот начин на живот. Често одбираме несоодветни производи за нашата кожа, па наместо да имаме подобрувања, состојбата се влошува. Пред да купите, истражувајте или консултирајте се со луѓе кои се постручни во негата за лице.
2. Не употребувате крем за заштита од сонце
Крем за лице со фактор 15 или повисок е задолжителен доколку сакате да ја зачувате младоста на вашето лице. Секојдневно сме изложени на сонце, а во летниот период кога тоа е посилно, мора да се користи заштита.
3. Ја сушите масната кожа
Доколку имате масно лице, претераното миење или употреба на продукти кои го сушат лицето, како сулфати и алкохол, е честа грешка. Кога ги користите овие производи и ја сушите кожата, таа повеќе произведува масла, со што не го решавата проблемот. Експертите препорачуваат да се употребуваат природни масла како масло од гроздово семе или јојоба за рамнотежа на кожата.
4. Нанесување крема на водена кожа
Некои мислат дека нанесувањето крема веднаш после миењето на лицето, подобро ќе ја хидрира кожата. Грешат. Подобро е прво благо да се избрише со пешкир, да се нанесе тоник, да се остави малку време да се впие во кожата, па тогаш да се нанесе крем.
5. Употребување на пенасти производи
Производите кои премногу се пенат кога го миете лицето, најверојатно содржат состојка која е лоша за кожата. Одберете производ кој помалку се мени, за сува и сензитивна кожа користете млеко за чистење или мицерална вода. Нежните пенести чистачи се добри за масната кожа.
6. Миење на лицето со премногу топла или премногу ладна вода
Мијте ја со вода со средна температура, драстичната разлика може да и нанесе само штета.
7. Нанесување премногу пудра
Пудрата освен корекции на лицето, ги затвара и порите, што создава многу проблеми. Помалце е секогаш повеќе, нанесете колку што ви е навистина потребно. Сите проблеми на вашето лице не може да ги покрие пудрата, па така инвестирајте во добар коректор, кој ќе го употребувате локално, па ќе го намалите користењето на пудрата.
8. Ја игнорирате кожата околку очите
Кожата околу очите е деликатна и бара посебна нега. Квалитетна крема, блага масажа се доволни за добра нега на кожата.
9. Ги заборавате усните
Суви и испукани усни се голем минус во грижата за вашето лице. Не заборавајте да ги хидрирате и од време на време, направете им домашен пилинг(на пример со мед и шеќер или шеќер и маслиново масло).
10. Спиењето со лицето на перница
Повеќето преферираат спиење на страна, но тоа не е многу добро за вашата кожа бидејќи се создаваат брчки.
Многу е важно да нанесете крема со нежна масажа во насока на стрелките.
12. Не ги менувате навлаките на перниците доволно често
Експертите препорачуваат менување на навлаките на неколку дена, бидејќи собираат многу масла и пот. Со тоа бројни бактерии се пренесуваат на вашето лице и кожата страда.
13. Не користите тонер
Откако сте ја измиле кожата со вода, важно е да се нанесе тоник пред да се нанесе крем. Ги отстранува вишокот масла, ги намалува порите и помага подлабоко да се впие кремот за лице.
14. Често го фаќате лицето
Што помалку го допирате лицето, тоа подобро. Особено избегнувајте го допирот кога користите јавен транспорт, кога сте надвор и рацете ви се валкани.
15. Јадење на нездрава храна и не пиење доволно вода
Храната може да биде и лек и отров, зависи што јадете. Шеќерите, млечните производи и „џанк“ храната се кошмар за вашето здравје, односно вашата кожа. Зголемете го внесот на свежо овошје и зеленчук, пијте многу вода, а избегнувајте ги вештачките сокови.
Витаминот Б е одличен за кожата, затоа јадете повеќе јаболка, аспарагус, моркови, а исто така внесувајте и цинк преку морската храна, семките и јаткастите плодови и јајцата.