Кога ќе ги прашате луѓето за прва асоцијација со Авганистан денес ќе ви кажат: воена зона, под контрола на Талибанците или ИСИЛ, неразвиена земја и забулени жени, но не било секогаш така.
Едно време оваа земја била модерна, развиена, богата со историја и убавини, а мирот и среќата беа карактеристики на оваа земја пред да ја покријат војната и теророрт.
Во 1967 година, д-р Бил Подлич отпатувал со неговата сопруга и двете ќерки во Кабул, главниот град на Авганистан, по повод нова раота како професор на колеџот во Кабул, а тој период го овековечил преку фотографии.
Овие фотографии се од ера на модернизам и либерализам, ова е земја со западен животен стил, целосна спротивност на денешната држава. Среќна средина, социјален живот, модерна облека, еманципирани жени, а сето ова се променило по една декада, кога оваа држава беше под инвазија на режим кој воведе нови правила.
„Кога ги гледам фотографиите на татко ми, се сеќавам на Авганистан како на земја со богата култура и историја. Беше срцепарателно искуство да гледаш и да слушаш низ што поминува оваа земја веќе 40 години. Храбри и горди, но забавни и грижливи, овие луѓе беа потиснати и уништени од ужасни сили.“ – раскажува Пег, ќерката на д-р Подлич.