За одржување на здраво и фит тело е потребна голема посветеност, а брзиот начин на живот и недостатокот на време е главен виновник за лошата физичка состојба на голем број луѓе.
Ова лето, Филипс ни го покажа начинот како следејќи одредена програма, на вежби и исхрана, за три недели може да се дојде до подобрена психофизичка состојба. Како главен помошник во фитнес предизвикот е новиот Philips соковникот за ладно цедење кој исцедува и до 90% од растителните влакна и минералите од плодовите, а сокот од него е одличен додадок во вашата исхрана.
Внесувањето на свежо овошје наутро ќе ви даде повеќе енергија во текот на денот, а ќе ви ја намали потребата за шеќер со што нема да внесувате дополнителни вештачки шеќери и калории.
Додека внесувањето на големи количини на зеленчук во останатиот тек на денот, ќе ве засити и освежи, давајќи ви мноштво витамини и минерали.
Многу важен дел за подобрување на физичкиот изглед е вежбањето, па затоа како дел од овој фитнес предизвик се и неколку видеа со вежби фокусирани на различни делови од телото, кои заедно во една целина ви даваат комплетен тренинг, кој ќе ви помогне во патот до одличната физичка состојба.
На овој линк може да ги видите тренинзите кои опфаќаат вежби за цело тело, раце, нозе, стомак, задник, како и кардио, а во комбинација со правилна диета и предлог соковите кои ги даваат нутриционистите може да ве доведат до идеална форма ова лето.
A photo posted by MARIJA (@gjurchinovska) on