Категории

(ФОТО) Ирина Шајк со ќерќичката Леа модни икони на улиците на Њујорк

Модерни и во време на пандемија

Руската убавица Ирина Шајк деновиве често можеме да ја забележиме по Њујоршките улици, најчесто сама како оди во шопинг или на прошетка со ќерќичката Леа, но она што е за вистинска пофалба е нејзината претпазливост и максимална заштита за време на пандемијата.
Притоа таа не изостанува да ни сервира одлични модни стајлинзи.

Овој пат беше забележана во спортски монохроматски стајлинг во сива боја, таа искомбинира сива oversized јакна, сиви тренерки и патики, а вниманието особено го привлече нејзината тригодишна ќерќичка Леа.

Малата Леа која се роди за време на нејзината петгодишна врска со актерот Бредли Купер беше стилизирана во неодоливи пастелни нијанси на сино фустанче и розова јакна. Супер кул стилските мајка и ќерка никако не ги заборавија и своите маски за заштита. Ирина претпочита да носи шалови и марами како маска што додава уште една опуштена и модерна нота на целокупниот изглед.