Категории

(ФОТО) Новиот омилен пролетен тренд на дамите – „Машки“ одела

Трендот кој владее веќе неколку сезони оваа пролет повторно на врвот. Oversized оделата се иделен лежерен и елегантен начин да внесете спој од екцентричност и класика во вашиот стил

Силниот и самоуверен стил владее со модниот свет веќе неколку сезони. Оделата позајмени од „машката“ мода се хит тренд и оваа пролет. Во фокусот се комбинациите од широки панталони и сакоа, и кратки бермуди во комбинација со oversized сако со должина речиси до колена.

Сега можете да ги носите на различни начини а модната сцена го предлага лежерниот урбан изглед. Едноставна широка маица, oversized сако и бермуди во ист тон во комбинација со патики и пар аксесоари оставаат впечаток на стилска и шик дама.

Прегледи:
610
Објавено на:
11.04.2020