Категории

Имаш шанса во овој живот и си должиш на себе да живееш како што сакаш

Кога нешто ќе почувствуваш, чувствувај го тоа длабоко; од врвот на прстите до стапалата. Кога луѓето ќе ти кажат да не се надеваш на нешто, кажи им дека светот без надеж е како да не постои светлина. Кога ќе те обесхрабрат да не го зборуваш тоа што го мислиш, кажувај го уште погласно!

Целата наша генерација е полна со рамнодушност. Никој не сака да биде оној на кого му е премногу грижа и тогаш се однесуваме како да не ни е грижа за апсолутно ништо. Немој да си дозволиш да те уверат дека искреноста е слабост.
Немој да се гушиш во сопствените желби и биди искрена спрема себеси за тоа што го сакаш затоа што страста е толку потценета.

Луѓето ќе се обидуваат да те уверат дека животот е трка, но грешат. Невозможно е потполно да уживаш во било што ако тоа го правиш од дистанца.
Ти си одговорна за сопствената среќа и затоа откриј се што ти ја носи и опкружи се со сето она кое те прави среќна. Зграби го нештото кое го сакаш и држи се за него без извинување. Во ред е да покажеш интерес.

Немој да обрнуваш внимание на оние кои ги плашат твоите чувства.
Тие можеби се среќни со игри, но ти не мораш да бидеш. Вложи време во некој кој ќе ја прегрне твојата ранливост. Барај го оној кој не се плаши да ти каже како се чувствува. Продолжи да му го покажуваш срцето на другите, без оглед на невозвраќањето затоа што во спротивно ќе ја изгубиш својата вредност. Личноста која ти е судена ќе се заљуби во твоето срце, а не во твојата сенка.

Ти одлучуваш дали ќе го обоиш овој свет во весели бои или ќе го живееш во сиво.
Имаш прилика во овој живот и си должиш да живееш како што сакаш. Кога нешто ќе почувствуваш, чувствувај го тоа длабоко; од врвот на прстите до стапалата.
Кога луѓето ќе ти кажат да не се надеваш на нешто, кажи им дека светот без надеж е како да не постои светлина. Кога ќе те обесхрабрат да не го зборуваш тоа што го мислиш, кажувај го уште погласно!