Категории

Инспирација: Како да ги носите патиките во секоја пригода

Патики насекаде и во секоја пригода е последниот тренд од светот на модата, а мора да признаеме дека е навистина кул и позитивен тренд. Секако, заради комфорот, а и затоа што може да се најдат навистина интересни и шик патики. 

Ако се прашувате каде и како можете да носите патики, освен при спортување и лежерни прошетки и кафе, ние ви кажуваме дека можете секаде да ги носите. Како? Еве инспирација за комбинации со патики за секоја пригода.

Дали станува збор за состанок со дечкото, работа, кафе или пак вечерно излегување со другарките. Ова се интересни и модерни комбинации кои ќе ви послужат како инспирација и со кои дефинитивно нема да згрешите.