Категории

Италијанскиот бренд O bag со нова колекција е вистинско летно модно освежување!

Вистиско модно освежување ни пристигнува летово со новата колекција на уникатнот италијански бренд O bag.

Во рамки на новата колекција ни пристигнуваат и нови производи, колекцијата создадена за на плажа е составена од чанти и папучи, во препознатливиот стил и истот одличен квалитет, а може да ја најдете во продажните места на O bag во Skopje City Mall и East Gate Mall.

Италијанскиот бренд е основан во 2009 година врз основа на идејата на претприемачот од Падова, Микеле Занела за часовник што може да биде „комбиниран“, а во 2010 година го претстави O clock, часовник со заменливи силиконски ремени и бројчаници, во Salone del Mobile во Милано. Шарени, забавни и достапни, за многу кратко време часовникот стана светски хит. Успехот на O clock го поттикна креативниот италијански бизнисмен да размислува за други додатоци со иста комбинирана ДНК како часовникот.

Како резултат на тоа, во 2012 година, ја лансираше „O bag“, чантата во XL Extralight Material®, комбинирана и приспособлива како O clock, и оттука приказната само расте.

Успехот на O bag се заснова на вредности како што се едноставност, тимски дух, еко-одржливост, поддршка за локалното подрачје, пријателство, семејство и грижа за животната средина. Младешка, динамична, произведена во Италија, но со меѓународен опсег, со фокус на истражување, развој, иновации и дизајн, ова е бренд што нуди нешто различно.

Сите форми на ташни и модни додадотци се карактеризираат со минималистички и модуларен дизајн. Покрај лесно одржливите материјали од кои се направени ташните и додатоци за истите, концептот на брендот „направи сам“ стана уникатен и препознатлив во светот.

Бидејќи се 100% приспособливи за да одговараат на индивидуалните вкусови, сите производи се уникатни и оригинални. Оваа филозофија значи дека клиентот O bag станува дел од креативниот процес за производите на италијанскиот бренд. Со креирање на нивниот личен состав, клиентот дополнително ја зајакнува уникатноста и оригиналноста што е белег на брендот.

Па така, нема лимит на комбинациите на бои и начини како да ја носите вашата омилена чанта, а со новата колекција можностите се уште поголеми.

Во рамки на новата колекција ни пристигнуваат и нови производи, колекцијата создадена за на плажа е составена од чанти и папучи, во препознатливиот стил и истот одличен квалитет.

Новата колекција може да ја најдете во продажните места на O bag во Skopje City Mall и East Gate Mall, а уште подобра вест е што ве очекуваат намалувања до -30%!

За повеќе информации следете ги профилите на социјалите мрежи на O bag Macedonia Facebook и Instagram.

Прегледи:
656
Објавено на:
06.07.2022