Се е во твои раце, ти одлучуваш дали ќе му се препуштиш на мракот или ќе пронајдеш светлина
Животот боли, тој умее да биде суров и тежок. Без оглед на тоа кој си, каде се наоѓаш, секогаш постојат денови кога нема се да биде онака како што посакуваш, ќе биде тешко и мачно. Некои луѓе доживуваат повеќе тешки времиња отколку останатите, но нивната тешкотија е секогаш различна за секого, не може да се мери со едноставни критериуми.
Некој се носи со тешките мигови подобро од другиот а тоа е само една од убавите нешта кои не прават она што сме. Мораш околу себе да имаш луѓе кои се полни со емпатија, кои знаат да ги искажат емоциите според околината, потребни ти се такви луѓе кои ќе ти бидат потпора во тие денови и ќе те направат храбар и силен а нема да те повлекуваат кон дното уште повеќе.
Од тебе зависи дали ќе дозволиш лошите денови да остават трага или едноставно ќе наидат на непробојно стакло, ти одлчуваш на кој начин ќе им се спротивставиш.
Имаш моќ да го контролираш тоа како околностите ќе се менуваат и ќе влијаат на тебе. Можеш да одбереш да им се спортивставиш и и да ги земеш храброста и оптимизмот како свои најсилни сојузници. Ако почнеш да се жалиш над својата ситуација без ништо да промениш, нема никогаш да продолжиш напред. Ќе стоиш заглавен во едно место.
Ти одлучуваш. Одлучи да бидеш среќен. Без оглед на тоа што е потребно, без оглед на тоа што треба да направиш, доволно е да си свесен дека од тебе засиви се и нема да им се препуштиш на тажните и лошите случувања во твојот живот.
Секогаш ќе постои некој кој ќе сака да те повреди, или да те види поразен, но најважно е да се сконцетрираш на себеси и одбираш среќа во секое време.
Животот ќе биде суров и ќе те сруши можеби повеќе пати, но најважное да се сетиш дека ти ги бираш начините на кои ќе влијаеш врз него. Имаш потполно право на тоа, како и право да пронајдеш добро во се, без оглед колку лоши нешта да се случуваат.
Започни од себе и секогаш пружи си љубов и поддршка на себеси, не дозволувај мракот да те проголта, нека твојата светлина го проголта него.
-Кукла од Памук