Категории

Кога би научиле да се слушаме себеси..

Колку би било добро да се вреднуваме и слушаме себеси. Колку добро би било да излеземе од познатото и да отидеме во непознатото. 

Кога само би научиле да се слушаме себеси, каква би била таа револуција.
Колку би било добро да се вреднуваме и слушаме себеси. Колку добро би било да излеземе од познатото и да отидеме во непознатото.

Да чекориме напред и да не дозволуваме стравот да управува со нашите чекори. Да заминеме далеку од сите оддалечености кои сме ги виделе. Да се обидеме да го сфатиме животот.
Само запознавањето на животот е едно големо патување. Да знаеме дека кога веќе не можеме да одиме по истиот пат, ние треба да го промениме патот. Она што сакаме да го добиеме ние треба и да го дадеме.

А поголемиот дел се едноставно само, кукавици, кои сакаат само да земат без да дадат ништо за возврат. Тоа не може така. Се е размена. Реалноста се менува. Се се менува.

Кога само би се слушале себеси, би се осмелиле да започнеме промени во својот живот. Би научиле да го прифаќаме неочекуваното, да признаваме дека не знаеме. Да прашуваме, да се обидуваме. Да се осмелиме да тргнеме на пат. Свој пат. Да излеземе од своите лажни, комфорни животи.
Да излеземе од илузијата на стабилност. Би се осудиле да се соочиме со реалноста.

Животот не е слика, тој не е статичен. Животот се чекори. Чекори напред. Животот е промена. Животот се грешки, грешки кои не учат. Грешки кои не смеат да не запрат во нашиот лет. Сите имаме свои крилја.
И не мора никој да го разбере нашиот лет. Не смее ништо да не запре. Не смее никој да не запре, затоа што сите летаме за себеси, секој со своите крилја.

Кога само би научиле да се слушаме себеси и да ги негуваме своите мисли. Мисли кои ќе осветлуваат се околу нас. Мисли кои околу себе ќе шират само добрина и убавина. А тоа е нешто, што никој не може да ни го украде. Нашите мисли…
Кога би научиле да се слушаме самите себеси, би сфатиле дека најважно е она што се случува во нас. Дека најважен е внатрешниот свет и пат по кој патува нашиот ум. Мораме да се носиме себеси со себе, не можеме да побегнеме од себе. Нашето внатрешно патување нема крај.

Затоа, научете да се слушате себеси! Вашата душа ќе ве изненади со одговорите кои ќе ги добиете.