„Ако бараме најмал заеднички содржател на сите човечки проблеми, конфликти, војни, повреди низ вековите и цивилизациите, најверојатно ќе пронајдеме едно нешто: Недоразбирање.“
Некој нешто не разбрал добро. Некој нешто не кажал исправно.
Некој збор бил превртен наопаку.
Некој на време не ја кажал својата вистина, некој на време не бил доволно присутен и разумен за да би разбрал.
Некој силно сакал нечно да чуе, па ја начул вистината. Некој едноставно не зборувал со тој јазик.
Затоа што ако би, би се разбрале – би умееле да препознаеме дека сите сакаат исто.
Сите сакаат да бидат среќни, здрави и сакани. Сите.
Не недоразбирањето е во тоа што очекуваме од другите да ни го обезбедат истото.
И недоразбирање е затоа што од тие очекувања ги обвинуваме другите. А тогаш престануваме да комуницираме. Или ги преобликуваме зборовите, ја сокриваме суштината, или одиме одоколу, подразбираме што сме сакале да кажеме..
Вистинско време е да ја препознаеме моќта на зборовите. Затоа што еден Збор го создава Светот. И исто така еден збор може да сруши се.
Не фаќајте се за туѓите зборови.
Но мудро користете ги своите.
Ако некој не ве разбира, а важно ви е, пронајдете ги вистинските зборови. А тие секогаш ќе доаѓаат од срцето.
Со кого денес можете да комуницирате од срце? Со кого можете да се разберете?
И кој ваш збор денес може да создаде наместо да уништи?