Еден крал се обидел да ги научи своите луѓе во кралството дека препреките на патот всушност претставуваат можност за напредување.
Некогаш во минатото, живеел еден многу мудар и праведен крал. Еден ден одлучил да ги преиспитува своите поданици, па поставил голем камен на сред пат. Потоа, се сокрил да види кој од неговите поданици ќе го помести.
Некои од најбогатите трговци и членови на други кралски лози, поминувале на тој пато а каменот го заобиколувале. Многумина го обвинувале кралот за лошото одржување на патиштата, но сеедно никој не се обидел да го тргне каменот од патот.
После некое време, наишол еден селанец кој на рамената носел огромна кошница со зеленчук. Откако се приближил до каменот, ја спуштил својата кошница и се обидел да го помести каменот од патото. Со многу напор и труд, на крајот успеал. Повторно ја зел својата кошница со зеленчук и само што не тргнал понатаму по патот, забележал некаква торба на местото каде што бил каменот.
Кога ја отворил бил вчудоневиден од тоа што го имало внатре. Торбата била полна со златници и други драгоцености, на врвот стоело писмо од кралот во кое тој напишал дека торбата сега припаѓа на оној кој го тргнал каменот од патот. Селанецот го открил тоа што многумина од нас не успеале да го сфатат. Препреките на нашиот животен пат, многу често можат да бидат можности за напредување!