Категории

Моден погодок или утка? Викторија Бекам шокира со своите стајлинзи

Некогаш ја напаѓаа дека се облекува премногу едноставно, познатата дизајнерка направи голем и смел чекор во нејзиниот стил. Нејзините најнови модни избори беа мета на голема дебата..

Британската дизајнерка Викторија Бекам до неодамна беше позната по своите едноставни, класични модни комбинации. Можеби дури и премногу едноставни. Во главно таа се појавуваше во еднобојни стајлинзи а најчесто во црно од глава до пети, и баш таа едноставност со текот на времето и донесе бројни критики.

Се чини дека Викторија конечно се одлучи да направи нешто по тоа прашање, па во својот стил реши да вметне повеќе колорит и дезени, но премногу од нив за нечиј вкус.
Во една прилика неодамна таа се појави во црвено бел блузон, суња од твид и сини чизми што за неко претставуваше вистинска модна утка.

Потоа според критичарите таа успеа да го поправи својот неуспех при изборот на стајлинг, облекувајќи елегантен дводелен комплет од сако и сукња на пруги во комбинација со црвена кошула, но некои од критичарите ја осудија за чевлите со леопард принт.

Уште еден нејзин стајлинг кој беше мета на поделени критики беше џемперот во лаванда боја, искомбиниран со беша кошула под него, црвена сукња и црвени чизми. Некои изјавија дека личи на кловн, додека други го поддржаа неизниот моден избор бранејќи ја дека нејзиниот стајлинг е храбар и од „висока мода“.