Категории

Мудра приказна: Навредите се гнил товар

Кога некој ќе ви каже некој лош збор, а вие ќе се навредите, всушност вие самите се повредувате со тоа што сте очекувале дека од другите ќе го добиете она кое што самите не сте си го дале себеси.

Често посакуваме да голтнеме некоја чудотворна пилула која ќе направи сите наши проблеми да исчезнат. Тоа се ситуации во кои ни се чини дека се оди во погрешна насока и кога имаме чувство дека целиот свет се свртил против нас.
Сеуште човештвото не пронашло начин како да го забрза времето до светлата иднина, иако тоа сите силно го посакуваат.
Луѓето се чувствителни на многу нешта во животот, но најмногу од се врз нив влијаат пофалбите и навредите. Навредите создаваат чувство кое долго време остава горчлив вкус во устата и често прави да се чувствуваме како да го губиме тлото под нозете. Сепак, од таа огорченост можете да се ослободите единственот кога ќе ја разберете нејзината суштина и ќе започнете да живеете едноставен живот, што е неверојатен луксуз. Тоа бара секојдневна напорна работа, но на крајот навистина се исплати.

Кога нештата се случуваат спротивно од посакуваниот смер, личноста доживува разочарување. Причините за тоа најчесто се бараат надвор од самиот проблем и секогаш се пронаоѓаат, но малку од нив сфаќаат која е вистината за тој проблем. Кога некој ќе ве каже некој лош збор а вие ќе се навредите, всушност вие самите се повредувате со тоа што сте очекувале дека од другите ќе го добиете она кое што самите не сте го дале на себеси.

Оваа приказна подобро ќе ви помогне да го разберете ова:
Еден ден ученикот го запрашал својот духовен учител:
-Учителу, вие сте ја сфатиле Големата Мудрост, секогаш сте во состојба на потполен мир и добро расположение. Никој не ве нервира, не сте лути на никого. Научете ме да станам таков.
-Добро ќе те научам, но за тоа е потребна една кеса и компир.
Ученикот направил како што му заповедал учителот – „Кога ќе се навредиш поради нешто, напиши го името на таа личност на еден компир и стави го во кесата“, рекол учителот.
Ученикот бил збунет и го прашал учителот дали е тоа се што треба да направи. На тоа учителот му одговорил:
-Не, секогаш треба да ја носиш оваа кеса со тебе, каде и да одиш. И секој пат кога некој ќе те вознемири или навреди, мораш да додадеш компир во кесата.
Ученикот го послушал. Поминало време, кесата на ученикот добила многу тежина. Покрај тоа, првите компири почнале да скапуваат и да создаваат непријатен мирис. Тогаш ученикот пошол кај својот учител и му рекол:
-Повеќе не можам да го носам овој терет и смрдеа со себе, дајте ми нешто друго.
На тоа мудрецот му одговорил:
-Дали носиш нешто друго во својата душа кога си навреден и лут на луѓето? Кога еднаш ќе се навредиш, не приметуваш дека камен паднал врз твојата душа. Со текот на времето, камењата ќе се таложат. Делата стануваат навики, навиките карактер, што доведува до неморлано однесување. Ти дадов прилика да погледнеш се однадвор. Мислам дека другиот пат треба да размислиш за тоа дали треба да додадеш уште еден камен. Навредата е нешто што се наоѓа само во твојата глава, на учи да ја ослободуваш твојата глава од трулата смрдеа и ќе станиш вистински среќна личност.