Категории

На денот кога ти се роди, нешто во свемирот се сруши

Тоа беше твојот дочек на овој свет. Како свемирот веќе да знаеше дека ништо повеќе нема да е исто како порано

На денот кога ти се роди, нешто во вселената се сруши.

Твојата мајка сигурно не памети што се случувало надвор од таа болничка соба. На тој ден, се што таа памети е еден детски плач и сите свои потреби кои ги стави настрана по своја волја за некој кој беше вреден за сето тоа. И сето ова сигурно го забораваш многу често, како и сите денови кога се чувствуваш поразено. Но никој не те обвинува за тоа, сите забораваат на миговите кога биле среќни тогаш кога ќе ја искусат тагата, како и на сите тажни случувања кога повторно ќе почнат да се смеат.

На денот кога ти се роди, нешто во вселената се сруши. Тоа беше твојот дочек на овој свет. Како свемирот веќе да знаеше дека ништо повеќе нема да е исто како порано, како да знаеше дека ти ќе бидеш оној кој ќе го промени светот на оние во чии животи зачекори.
И иако твојата мајка беше првата која те засака, ќе има уште многу други после неа.

Немој никогаш да заборавиш!

Прегледи:
568
Објавено на:
03.07.2020