Категории

Најпознатите цитати од Сексот и градот по повод 20 годишнината од прикажување на серијата

Пред повеќе од 20 години Дарен Стар се подготвувал да одржи аудиција за карактерите на четири жени кои ќе бидат дел од ново шоу за пријателството и љубовните врски, а кое ќе стане едно од најпопуларните шоуа во историјата.

После „Беверли Хилс, 90210“ и „Мелроус Плејс“, тој ги создаде светите четири ликови, во кои може да се пронајде секоја жена – Кери, Шарлот, Миранда и Саманта.

 

Во период кога не постоеа феминистички движења, од размерот на #MeToo, Дарен Стар создаде шоу кое стана вистински феномен на историјата на телевизијата. Тематиката гласно говореше феминистички, говорејќи за слободата и еднаквоста на жените преку женските пријателства, моќта на жените и сексот за една вечер.

На 6-ти јуни Сексот и градот го прослави 20-от роденден, а бидејќи Сексот и градот ги опфаќаше сите теми со кои се соочуваат жените, токму затоа станува омилена серија на секоја жена без разлика на времето кое помнува.

Ова се најинтересните цитати кои и после 20 години, се уште се споменуваат и споделуваат.

„На крајот единствено што сакате е да бидете со личноста што ве засмејува.“ – Кери

„Можеби некои жени не треба да бидат скротени. Можеби треба да трчаат слободно додека не најдат некој див како нив за да трчаат заедно.“ – Кери

„Понекогаш треба да престанеме да го анализираме минатото, да престанеме да ја планираме иднината, да престанеме да дефинираме како прецизно се чувствуваме, да престанеме да одлучуваме што навистина сакаме  и само да оставиме да видиме што ќе се случи “ – Кери

„На крајот единствено нешто што посакувате е да бидете со личноста која ве засмејува“ – Ѕверката

“Мажите лажат од иста причина поради која кучињата ги лижат топките … затоа што им се може.” – Саманта

„Највозбудливиот, предизвикувачки и значаен однос е оној што го имате со самите себе. И ако најдете некој да ве сака, баш како што се сакате вие себе, тоа е одлично.“ – Кери

„Јас ништо не вредам. Вредиш милион долари Бредшо“ – Ѕверката

„Единствената работа која ја научив таа вечер е дека требаше да останам дома“ – Кери

„Ама јас не сакам да ја избегнам драмата, бидејќи таа е дел од животот“ – Шарлот

„Се плашев дека не може да сака никој друг освен себе“ – Кери

„Бевме совршено среќни пред да се одлучиме да бидеме среќни до крајот на животот“ – Кери

„Полн гардеробер облека, а јас немам што да облечам“ – Кери

„Можеби нашите другарки се нашите сродни души, а момците се луѓе со кои ќе се забавуваме.“  – Кери