Категории

Направете место за да го примите сето она кое ви е СУДЕНО

Треба да направиме три нешта за да бидеме среќни и во мир со себеси – да учиме од минатото, да ја прифатиме сегашноста и да не се плашиме од иднината.

„Се што ни е судено, ќе дојде само ако направиме место да го примиме“ – оваа мудра мисла ја рекол Ребиндрант Тагор, бенгалски полимат кој ја преобликувал бенгалската книжевност и музика кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Неговата поезија била гледана како духовна и живописна.

Многу често, кога ќе ни се случи нешто лошо, се прашуваме „Зошто?“. Се правушаме, зошто баш ние, зошто сега, зошто така и тогаш плачеме, обвинуваме, проколнуваме и повторно плачеме. Секој од нас преживеал криза во својот живот.
Но многу често не е важно тоа што ни се случува, туку како реагираме на истото. Секоја несреќа е тест во оваа голема школа наречена живот, и како го прифаќаме тоа ни покажува колку сме научиле. Понекогаш нештото го сакаме толку многу што боли пред да го добиеме. И одеднаш пристигнува, но не сме создале капацитет да го задржиме, и ќе го изгубиме, и тогаш ќе боли уште повеќе.

Она што треба да го направиме е да го пуштиме и да бидеме во мир со себеси за на тој начин да создадеме способност да примиме нешто уште подобро. Треба да направиме три нешта за да бидеме среќни и во мир со себеси – да учиме од минатото, да ја прифатиме сегашноста и да не се плашиме од иднината. На тој начин ќе создадеме внатрешен мир, кој е еднаков на среќа.

„Кога животот ќе ве порази, завртете се и погледнете ги ѕвездите“. Несреќите кои ни се случуваат се надвор од наша контрола, но нашите реакции на нив се под наша контрола Ако научиме да ги прифатиме и да продолжиме понатаму, ќе знаеме дека лузните ќе се претворат во лекции, а тие ќе не направат помудри и посилни.

Прегледи:
488
Објавено на:
08.12.2019