Категории

Не чекајте идеално време – Превземете ги нештата во свои раце и создадете ја иднината што ја посакувате!

Ќе чекаме некои поубави денови или ќе почнеме да живееме во овие? Дали навистина мислиме дека ќе има некои подобри времиња? Повеќе идеални околности? Посовршени луѓе? Подобри утра? Колку побрзо паѓаат заблудите, толку побрзо ќе почнеме да го цениме секој момент. Работите треба да се туркаат напред. Да направите едно големо чистење во себе. Да препознаете кој е приоритетот и зошто е време да ја отворите вратата и да ги испратите сите што не го заслужуваат местото покрај вас. Ако не направиме ништо, ништо нема да се случи. Едно е сигурно. Животот нема да се нареди сам од себе.

Еден ден ќе се разбудите и ќе видите убав ден и се ќе биде како што сте сакале. Но, повеќе нема да бидете исти. Годините ќе остават трага на вас. Луѓето, искуствата, ситуациите. Ќе ги имате на дофат сите оние работи кои некогаш ве правеле многу среќни, но сега нема да ви биде грижа. Не чекајте го тоа време! Наредете ги работите прво во вашата глава, па потоа се околу вас ќе се среди. Со малку ќе имате многу. Затоа што ќе уживате во малите нешта. Гледајте го животот како подарок и драгите луѓе покрај вас како најголем благослов. Денес е денот за живеење, не утре.