Морган Фриман еднаш рекол: „Да имав толку голем успех порано, веројатно многу лесно би изгорел во тој успех.“
Се во животот навистина има свое време. Веројатно целиот проблем во тоа е што ние не можеме да го прифатиме тоа и да бидеме доволно трпеливи, па времето во нашиот ум не може секогаш да се прилагоди на времето во реалноста. Кога човек би водел повеќе грижа за процесите на кои им е потребно време, веројатно не би се откажувал толку лесно од своите соништа затоа што би сфаќал дека сите препреки имаат длабоки причини.
Колку од нас би сакале да ги завршат студиите набрзина, да имаат добро воспитани деца, успех на работа, квалитетни односи со другите, но реалноста е полна со конфликти, порази, промаршувања. Обидувајќи се да дадеме се од себе за да успееме што побрзо, сфаќаме дека не е се во нашиот труд. Животот не може да се забрза. Станувањето човек не може да се забрза, тоа се случува тогаш кога си спремен за сите предизвици.
Но ние сме склони да бараме нешто кое ќе ги оствари нашите цели без да стигнеме до нив. Сакаме да имаме доверба без доволно да вложуваме во односите, здравје иако работиме нешта кои ни го ослабуваат, сила и моќ иако не сме доволно предадени и дисциплинирани на нештата кои ги зголемуваат. Промената која треба да се случи, прво треба да се случи во нашиот ум за да можеме да сфатиме дека иако можеме да се излажеме себеси, не можеме да го излажеме животот.
Не можете да станете нов човек токолку сте сеуште врзани со синџири за своите стари погледи и погрешни уверувања и ставови кои не сакате да ги промените. Вашите соништа ќе оживеат кога ќе престанете да ги брзате нештата, кога ќе го прифатите планот на животот сфаќајќи дека целиот свет сеуште учи лекции за кои веројатно сеуште не сте доволно спремни.