Категории

Нема да ги добиете нештата кои ги посакувате, туку нештата кои ви се вистински потребни

За добрите нешта е потребно време и најдобро е да се не побрзува ништо во животот..

Сите ние полека учиме, како да бидеме потрпеливи, како да чекаме кога се што сакаме да направиме е да истрчаме, да побегнеме. Полека учиме како да ги отвориме очите и да го разбереме сето она пред кое повеќе би сакале да замижеме и да го избегнеме, како да го прифатиме сето она кое не го разбираме.

Полека учиме дека за добрите нешта е потребно време и најдобро е да се не побрзува ништо во животот, особено не нештата кои ги посакуваме толку силно.
Учиме дека не вреди да го споредуваме нашиот живот со туѓите затоа што сечие патување е различно и секој има сопствени благослови за кои треба напорно да се труди.

Сепак, треба да работиме уште повеќе на тоа дека во животот е важно да се посветиме на себеси и на сопствениот пат и како да сме еден чекор подалеку од тоа што сме биле вчера наместо да ги мериме туѓите стапки. Да учиме, да живееме и да напредуваме.
Да чекаме без жалење и да веруваме дека одговорите ќе пристигнат во вистинско време.
Понекогаш да уживаме повеќе во прашањата отколку жедно да ги исчекуваме одговорите.

Да тргнеме во потрага по изгубените парчиња од слагалицата се додека не ја претвориме во ремек дело.
Нештата кои доаѓаат лесно траат кратко и најчесто се такви кои не ни носат ништо добро.
Иако чекањето можеби изгледа како проклетство, тоа носи нешта кои се вредни да останат во нашиот живот засекогаш.  Можеби чекањето нема да ти ги донесе нештата кои ги сакаш, но ќе ти ги донесе нештата кои ти се потребни.