Категории

Немој да се откажуваш уште пред почетокот и потоа да се прашуваш зошто животот е тежок

Човек ја потценува својата моќ дека може да направи големи нешта, се спушта само на она кое му е лесно и во кое не треба да вложува многу труд..

Се потценува себеси кога се откажува од идеалите кои ги имал, соништата кои гореле во него, советите од пријателите и кога се задоволува со она што сите го кажуваат и го прават, иако имал моќ да направи нешто натпросечно, да даде некој свој допринос кој ќе остане, да покаже дека ништо не е невозможно па се задоволува со нешто просечно.

Ја потценува својата моќ да направи големи нешта кога треба да вложи поголем напор, кога треба да вежба, учи, работи и се задоволува со она средното. Тогаш сфаќа дека не изградил доволно силен интегритет и дека нема моќ да биде трпелив каква што мислел дека има. Се помирува со фактот дека не го заслужува најдоброто па престанува да ги менува нештата кои може да ги промени и се задоволува со жалењето што нештата не се онакви какви што треба да бидат.

Кога ќе ја потцени својата моќ да направи големи нешта, нема повеќе сила да ужива во животот затоа што повеќе ништо не го задоволува, нема повеќе моќ да ја создаде најдобрата форма на себеси, и да се запознае вистински онаков каков што всушност е.

Ги предава своите битки уште пред да започне борбата, и потоа се жали колку е животот тежок.
Но среќата и успехот ги следат само храбрите, оние кои не се плашат од пораз и оние кои се борат се до последниот здив, оние кои веруваат во себеси и во своите желби и колку да се луди и невозможни.
Чуда почнуваат да се случуваат, само тогаш кога ќе почнеш да веруваш дека вистински можат да се случат!

Прегледи:
530
Објавено на:
14.04.2020