Што и да правиш, само немој да се задоволиш со просечност, само немој да се задоволиш со половина среќа, само немој да се задоволиш со половина живот.
Животот е премногу краток за да не го исполниш секој миг со љубов.
Одбери да го купиш тоа цвеќе и да го негуваш. Одбери да направиш пауза од секојдневната рутина и да тргнеш во исполнување на своите соништа.
Одбери да го почнеш она хоби за кое си сонувал од мал но никогаш не си имал доволно самодоверба, не е важно мислењето на никој се додека ти си среќен.
Не плаши се да испробаш нова фризура или нешто кое сметаш дека не би ти прилегало, направи промена и не плаши се да се искажеш себеси.
Не плаши се да истапиш и да кажеш дека сакаш да направиш промена, дури и кога никој нема да те поддржи, и кога некои ќе мислат дека си луд, биди промената која сакаш да ја видиш во светот.
Само немој да се задоволиш со просечност, само немој да се задоволиш со половина среќа, само немој да се задоволиш со половина живот.