Категории

Немојте да ја планирате иднината – Препуштете му ја на Бог, неговите планови се многу подобри

Понекогаш најдобриот план е да немаш воопшто никаков план, и да му препуштиш на животот да те води затоа што Божјите планови се многу подобри од оние нашите.

Да не очекувам дека некои посебни искуства ќе ме направат среќен, да не гледам кој што прави и да ги коментирам туѓите животи, никој не знае што се крие во нивната позадина. Да останам што поедноставен. Ако нештата тргнат во погрешна насока нема да се предадам, само ќе почнам да верувам дека животот едноставно се обидува да го промени својот тек во насока која е всушност вистинската, се обидува да ме искуши и да ме направи силен.

Што се однесува до плановите за иднина, не сакам да планирам, важно ми е да сфатам дека животот нема секогаш да биде едноставен и лесен. Ќе има промени, и ќе морам да научам да ги ценам малите нешта. Што се однесува до плановите за иднината, сакам да останам упорен и после секое одбивање, и после секој пораз. Сакам да можам да се насмеам и колку да е тешко и колку да сакам да се откажам од се.

Што се однесува до плановите за иднина, сакам да немам време за омраза, лутина, бес или други негативни чувства. Животот е премногу краток за да го скратувам додатно со сето тоа.
Не сакам да имам планови, затоа што плановите не секогаш се остваруваат. Сакам да уживам во мир во неговиот природен ден, и секој ден да го поминувам со луѓето и нештата кои ме прават среќен и ме исполнуваат.

Понекогаш најдобриот план е да немаш воопшто никаков план, и да му препуштиш на животот да те води затоа што Божјите планови се многу подобри од оние нашите.