Категории

Ова се двете најголеми шмизли во Скопје!

Двете шмизли во градот имаат се што некоја девојка би посакувала, а пред се нудат уникатност.

Станува збор за неодамна отворената продавница за уникатен накит Две Шмизле во Скопје. Мега популарниот бренд Две Шмизле од Белград ни пристигна во Скопје и притоа ни нуди нешто навистина несекојдневно, луксузно и елегантно, парчиња накит за сечиј вкус.

 

Две Шмизле нудат нешто навистина уникатно и се во нивната продавница, која инаку е лоцирана во трговскиот центар Беверли Хилс, е во еден примерок.

 

Мали и елегантни, со сваровски елементи или пак големи и впечатливи, Две Шмизле нудат разновиден избор на ланчиња, а воедно исто толку интересни обетки и прстени, за да создадете комплетен изглед и да заблескате.

Не изостануваат и додадоците за коса, ги има разновидни, венчиња и ленти, кои ќе ви дадат необичен и луксузен изглед, кој ќе ве издвои од толпата.

Hair accessories are vital! #handmadejewelry #springiscoming #dvesmizleskopje #hairaccessories

A post shared by Dve Smizle Skopje (@dvesmizleskopje) on

Престојните матури и апсолвентски се одличен повод да подарите или да се почестите со убаво парче накит, а Две Шмизле има што да ви понуди. Безразлика на вашиот вкус и желби, тие имаат нешто за вас.

Матурантките и апсолвентките можат да бидат и почестени со подарок од Две Шмизле, ако учествуваат во наградната игра по повод периодот на прослави.