Категории

Оваа пролет царуваат пастелните бои: Еве како да ги комбинирате со останатите парчиња облека

Оваа сезона слободно одлучете се за џемпер или мантил во некоја смирена боја, бидејќи нема да погрешите, а исто така ќе уживате подолго време носејќи го.

4-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-

Доколку сте од оние дами кои мислат дека костимот во боја е премногу и дека подобро би избрале сако или пантолони во боја, време е да се ослободите од овие мисли и модни стеги, бидејќи комплетот во нежни нијанси ќе биде еден од главните трендови оваа пролет и ќе можете да го носите во сите прилики, од работни состаноци до приватни настани и прослави.

5-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja

Бидејќи знаеме дека модата од 70-тите се враќа назад, фустаните во ваков крој ќе бидат совршен избор за топлите денови што доаѓаат. Мини должина, кратки ракави и крој кој од колковите па надолу се шири во облик на трапез, можете секогаш да го комбинирате со балетанки, плитки платнени патики, а чизмите и високите потпетици се подразбираат. Кожна или јакна од штоф ќе бидат одлични за да ја надополните оваа комбинација, но и да ве загрее доколку е потребно. Заедно со бебешко синиот фустан одлично се вклопува и нијансата во боја на лешник, но и нежната крем.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Широките пантолони со раб се уште еден доказ дека 70-тите ни се враќаат, а ако ги понесете во розова или пастелно розова ќе донесете нова димензија на овој тренд. Ако ногавиците се подолги и прилично широки, посакувано е да облечете високи потпетици, кои дополнително ќе ви ги издолжат нозете, но и ќе спречат самите ногавици да ви се влечат по асфалтот.

7-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-

Жолтите пантолони споени со пастелно розова или сина даваат смирена палета која пријае на сетилото за вид, иако можеби самата замисла на комбинација од овие две бои во моментот ви се чини непосакувана. Најдобро е да ги извадите сите парчиња облека кои ги имате во својот гардеробер во пастелни нијанси и да ги комбинирате со останатите за да направите неколку модни комбинации кои совршено ќе ви послужат кога треба набрзина да се спремате и да излезете од домот.

8-ovaa-prolet-caruvaat-pastelnite-boi-eve-kako-da-gi-kombinirate-so-ostanatite-parchinja-

1 2

Прегледи:
747
Објавено на:
15.04.2016