Категории

Победник стануваш кога раните ќе почнеш да ги претвораш во извор на сила

Победник ќе станеш кога ќе ги промениш правилата на игра и кога ќе кажеш дека од сега во твојот живот важат само твои правила а не оние кои ти ги наметнуваат другите. 

Победник ќе станеш кога ќе почнеч раните да ги претвораш во извор на сила, кога ќе сфатиш дека самосожалувањето после повредата не донесува никаква корист.

Што вреди да се повлечеш во некоја глувчешка дупка и да размислуваш за здобиените рани, да го прошируваш нејзиниот простор а да ја смалуваш својата моќ? Што вреди да си ја одземаш емоционалната сила за некој нов однос и да го прифаќаш ставот на губитник  како судбина или некоја непромислена константа во твојот живот?

Победник ќе станеш тогаш кога ќе научиш раните да ги претвораш во извор на сила, кога ќе сфатиш дека ти избираш што ќе добиеш од животот. Тешко е тогаш кога раните се свежи, но тие не се свежи после месеци и години после повредата. Тогаш веќе можеш да се наоѓаш на некое прекрасно место и да уживаш во живот каков што заслужуваш а не постојано да се враќаш во минатото, да смислуваш освета и да поминуваш низ она кое веќе поминало.

Од враќањето во минатото луѓето најмногу страдаат, не од моменталните удари, затоа што мигот на повредата е еден а некои постојано се навраќаат на тие места на повредите. Тоа искуство може да ти помогне да решиш кое место ќе му го дадеш на луѓето кои те повредиле подоцна во животот и за кого повеќе нема да има место. Сега нема да има многу енигми, затоа што нештата ќе станат кристално јасни, ќе знаеш кој ти е пријател а кој само се прави дека ти е пријател а не е.

Победник ќе станеш кога ќе ги промениш правилата на игра и кога ќе кажеш дека од сега во твојот живот важат само твои правила а не оние кои ти ги наметнуваат другите. Победник стануваш кога ќе почнеш сам да управуваш со своите одлуки не дозволувајќи им на повредите на управуваат со тебе, затоа што повеќе немаш избор во животот, од сега па натаму не ти преостанува ништо друго освен да бидеш само победник!

Прегледи:
576
Објавено на:
29.02.2020