Категории

Побрзајте да живеете затоа што вашето време е ограничено!

Престанете да живеете во страв и не дозволувајте половина живот да ви помине во сокривање од нештата кои не претставуваат вистинска закана. 

Престанете да живеете во страв и не дозволувајте половина живот да ви помине во сокривање од нештата кои не претставуваат вистинска закана. Не дозволувајте покрај вас да поминуваат сите животни убавини без вистински да бидете дел од нив. Престанете да лутате бесцелно и откријте зошто припаѓате на овој свет. Пронајдете некого кому ќе му припаѓате и кој ќе припаѓа на вас, некој кој ќе ја разбере вашата тишина, некој кој нема да посакува да бидете нешто што не сте и кому ќе можете да му ги доверите и своите најмрачни тајни.

Не дозволувајте животот да ви помине покрај нешта кои немаат душа, покрај некој кој не е среќен што ве има покрај себе. Немојте да чекате идеален миг и да замислувате дека тоа ќе бидат некои спектакуларни мигови кога се ќе биде совршено. Животот не е совршен и не постои совршено време за нешто. Само вие можете да ги претворите во совршени така што ќе им се предадете со сето свое срце и душа додека ги живеете и уживате во нив.

Одвојте време за себе. Откривајте го светот сами доколку немате некој покрај себе, со некои нешта понекогаш треба да се соочиме самите за да го откриеме нивното вистинско значење и големината на нашта моќ.
Побрзајте да живеете затоа што вашето време е ограничено!

Прегледи:
399
Објавено на:
26.05.2020