Категории

Порака до секоја жена: Ти си кралица!

Робин Шарма со најубавата порака до сите жени 

„Тоа што денес си тука, не е случајност. Постои причина зошто го читаш ова.
Ти си кралица. Господарка на бескрајниот потенцијал кој се наоѓа внатре во тебе.
Можеби тешкиот живот те натерал да заборавиш на својата сила.
Тагата поради неостварените соништа можеби ја загушила твојата страст и ги загушила твоите уверувања.
Стрелите на љубоморните критичари можеби те натерале да ја заробиш хероината во себе.
Но те молам, знај: Овој ден е нова прилика. Чудо кое чека да се случи.
Овој миг е прекрасен дар.
Овој миг претставува празно плато на бескрајни можности и неопишливи прилики.
Повторно да завладееш со кралството кое ти припаѓа од раѓање. Да ги освоиш големите нови земји на сочувство, креативност, смелост и човечност.
Тоа што си денес тука, не е случајност. Постои причина зошто го читаш ова. И длабоко во тебе спие подготвеноста да ги отфрлиш оковите на минатите искуства, да се издигнеш и да го промениш погледот на остатокот од твојот живот.
Стани! Прегрни го своето право на единствена величественост која светот ја очекува од тебе.
Биди светлина! Воочи ја убавината на иднината која можеш да ја оствариш со вистинскиот начин на размислување, говор, однесување и создавање.
Еден мал чекор по друг, секоја минута на овој ден кој ти е подарен – ако си упорна и доследна ќе биде почеток на новиот живот.
Заслужуваш да бидеш свесна за својата величина. Да ги знаеш предностите на кралското, благородно Битие. И да се оттргнеш од сегашниот живот спрема животот кој тежнее за тоа да го запознаеш, јас ќе го гледам твојот сјај.
Затоа што тоа е она кое го правам јас.
А цел свет ќе ја пофали твојата храброст.
Ти испраќам љубов и имам бескрајна доверба во твојот сјај.“