Категории

Потсетник на денот: Немој да се плашиш да се вратиш назад од почеток

Можеш да паднеш безброј пати, и да се исправиш уште безброј, неуспех ќе доживееш тогаш кога ќе одлучиш да не се исправиш повторно.

Немој да се плашиш да се вратиш назад од почеток, да почнеш повторно иако си останал назад. Не плаши се да пробаш повторно, да сакаш, да успееш, да чувствуваш..

Ти не си твоите грешки, твоите погрешни избори, твоето минато.
Ќе има времиња кога ќе чувствувш дека се што правиш е погрешно, дека те демнат само лоши избори и се што правиш едноставно не совршено.

Но запомни дека не се што започнува несигурно, завршува како неуспех.
Понекогаш треба да поминеш низ најлошото за да стигнеш до најдоборот.

Немој да дозволиш ништо да те убеди дека не можеш да успееш, дека кога еднаш ќе паднеш тоа е твојот крај. Не! Можеш да паднеш безброј пати, и да се исправиш уште безброј, неуспех ќе доживееш тогаш кога ќе одлучиш да не се исправиш повторно.

Прегледи:
404
Објавено на:
18.07.2020