Категории

Прада колекција пролет/лето 2019: Футуристичка женственост!

Мјуча Прада ја потврди својата репутација на дизајнер кој ги поставува трендовите со колекцијата пролет/лето 2019!

За разлика од колекциите кои досега ги гледавме во Њујорк, Лондон и Милано, за кои се карактеристични голем број парчиња облека кои асоцираат на осумдесеттите, Прада инспирацијата ја пронашла во шеесеттите години од минатиот век.

На пистата прошетале во класични комбинации од шеесеттите – мали шешири, чорапи до колена, кратки фустани и совршено скроени капути.

Но, Прада секако не е жена која премногу се потпира на носталгијата, така што овие класични патчиња ги преработила во модерното време со помош на футуристички материјали, необични принтови на фустаните и здолништата и аванградни очила за сонце.