Категории

Престани да бараш една причина за тага кога имаш илјада причини за да бидеш среќен

Престани да се сопнуваш на малите камчиња кои ти ги подметува животот, малите проблеми кои можат толку едноставно да се решат, престани од нив да создаваш карпи..

Престани да се сопнуваш на малите камчиња кои ти ги подметува животот, малите проблеми кои можат толку едноставно да се решат а некои од нив воопшто не можат нити да се наречат проблеми. Престани од нив да создаваш карпи. Нешта, луѓе и навики кои те прават нервозен и несреќен.

Престани да бараш една причина за тага кога имаш илјада причини за да бидеш среќен. Престани да се вртиш назад на секој чекор кој ќе го направиш напред за да гледаш кој те следи, кој те бодри и кој ти зборува дека нема да успееш. Така никогаш нема да стигнеш до целта.

Престани да наоѓаш изговори и да ги занемаруваш своите најблиски и луѓето кои ги сакаш и си им потребен, престани да ги ставаш на последното место на листата на своите приоритети. Секогаш ќе имаш шанса да трчаш по своите соништа, но чувај ги луѓето додека се тука затоа што кога ќе ги нема, нема да ти помогнат и најбрзите чекори за да стигнеш до нив.

Престани да размислуваш и да трошиш време и нерви на небитни нешта, кога ќе ги изгубиш нема никој да ти ги врати, наместо тоа насочи се кон нештата кои се вистински вредни, со нив никогаш ништо не е изгубено.

Прегледи:
565
Објавено на:
14.05.2020