Категории

Природната и необработена убавина на светските убавици во календарот на Пирели за 2017 година

Вистинската убавина е едноставна, како црно и бело. Така и овие светски познати убавици се портретирани во овие два едноставни тона, без обработка, онакви какви што се, убави, без разлика на годините, брчките, мааните. Тие се комплетно убави, како и секоја жена. 

landscape-1480420030-nicole-kidman-1

Календарот за 2017 на Пирели ја продолжува минатогодишната традиција за прославување на основната, најважната женската убавина, онаа природната, внатрешната, без гламурот и помпезноста. Сетоа тоа го изведе германскиот фотограф Peter Lindbergh.

pirelli_calendar_2017_robin_wright

Легендарниот фотограф сликал во 5 различни градови, а фотографирал 14 познати актерки, односно Jessica Chastain, Penelope Cruz, Nicole Kidman, Rooney Mara, Helen Mirren, Julianne Moore, Lupita Nyong’o, Charlotte Rampling, Lea Seydoux, Uma Thurman, Alicia Vikander, Kate Winslet, Robin Wright и Zhang Ziyi.

pirelli_calendar_2017_julianne_moore

„Во време кога жените се претставени во медиумите и насекаде како амбасадори на перфекцијата и младоста, мислев дека е важно да ги потсетиме сите дека постои поинаква убавина, повистинита и поискрена, без манипулациите на маркетингот и другите интереси, убавина која зборува индивидуално, која охрабрува да бидеш свој и да се искажеш себе си“ вели Lindbergh.

pirelli_calendar_2017_uma_thurman

Календарот не е лимитиран на сцени во студио, туку и на отворено се овековечени моменти со овие убави жени во Лондон, Њу Јорк, Берлин, Лос Анџелес и на плажа во Франција.