Категории

Пронајди ја својата вистина и изговарај ја силно дури и кога гласот ти трепери

Секој посакува да го пронајде своето место во светот, без оглед на тоа дали е всушност свесен за тоа или не. И тука не зборуваме за одредени позиции, титули и достигнувања, туку за есенцијалноста и вистината што лежи во сечија душа, која очајно посакува да биде чуена и видена.

Во животот сите сме под влијание на секој чекор кој го правиме. Самите ја одредуваме својата позиција во семејството, пријателствоот, врските како и во светот, ние ја моделираме и обликуваме.
Бараме да бидеме сакаме и да бидеме сакани. Копнееме за приврзаност, безбедност, чувство на припаѓање, место во светот кое можеме да го наречеме свое. Но понекогаш стануваме толку очајни што мораме да се приспособиме на некои ситуации и околности во чиј центар сме се нашле.

Понекогаш едноставно е полесно да се биде личноста која другите мислат дека си, наместо да станеш личност каква што всушност ти вистински сакаш да биде, онаа која ќе влијае врз сопствената вистина. Понекогаш едноставно ќе ги проголташ зборовите кои ти се на врвот на јазикот, ќе се убедиш дека се е во ред дури и кога не е
Но еднаш кога ќе сфатиш дека вистински ти е потребна подлабока поврзаност, кога се што тие вистински потребно е комуникација заснована врз искреност, не можеш повеќе да прифаќаш сешто.

Ако си премногу чувствителна личност која брзо се приврзува, имаш големи очекувања и луди соништа, ако си нежна и сакаш длабоко, ако си поминала низ мрачни тунели за да спознаеш вистината, знаеш дека не постои друга опција освен да зборуваш за неа јасно и гласно.

Секако, тоа не е воопшто лесно, всушност е многу тешко. Особено ако имаш тенденција да сакаш да им угодуваш на другите, тогаш пронаоѓањето на сопствениот глас може да биде болно.

Што да направиш? Како да ја пронајдеш својата вистина?

Мораш да се соочиш со стравот и да ги отфрлиш сите сомнежи.
Пронајди го својот пат, и запомни дека стравот и сомнежите живеат во минатото. Во нив нема сила нити моќ. Можеби твојата вистина е малку нелогична, непријатна, делува незрело, мораш да запомниш дека тоа не ја прави помалку важна – и треба да биде изговорена за да ја чујат сите.
Затоа што твојата приказна е важна. Твоите чувства се важни. И твојата вистина може да направи промена. Понекогаш тоа е она кое всушност недостига, некој да се исправи и конечно да прозбори за нештото околу кое сите молчат. Можеби твојата вистина е токму таква и ти ја имаш таа улога.

Превземи го ризикот, никогаш не можеш да знаеш како тоа може да го промени нечиј живот.