Категории

Рафаел Надал се ожени – Невестата неодолива во нежна и романтична венчаница

Познатиот тенисерски ас заплива во брачните води

Рафаел Надал и Марија Франсиска Перељо Чиска се во врска уште од далечната 2005 година, а пред неколку дена својата долгогодишна љубов ја крунисаа со брак.
После 14 години тие го кажаа судбоносното „Да“ во Мајорка, на преубавиот луксузен имот на парот Ла Форталеза.
Со оглед на тоа што сите детали од венчавката ги одржаја во максимална тајност, одлучија да ја почестат јавноста со неколку фотографии.
Невестата на тенисерот блескаше во едноставна, нежна и романтична венчаница која ја истакна нејзината фигура, која го носеше потписот на дизајнерката Rose Klare.