Категории

Сѐ ќе си дојде на свое место кога ќе почнеш да мислиш само на себе

Се во животот ќе си дојде на свое место кога ќе почнеш да излегуваш од битките кои не водат никаде, затоа што мирот е многу по вреден од тоа дали си ти победник или не.

Се полека си доаѓа на свое место кога еден ден твојот живот ќе почнеш да го гледаш со нови очи, кога ќе престанеш да се плашиш од бурите низ кои поминуваш затоа што знаеш дека сите тие имаат некоја смисла во твојот живот која сега можеби сеуште не ти е јасна.

Кога ќе престанеш да се занимаваш со небитни нешта и луѓе сфаќајќи дека не ти е потребно тоа што другите мислат, зборуваат и прават. Сето тоа е нивна работа.
Не треба да ги сокриваш солзите, затоа што сето тоа е еден процес на запознавање на светот и себеси и поинаку не ни може да биде. Кога повеќе не се жалиш на недостигот на време туку сфаќаш дека времето го создаваш за нешта кои ти значат а го одземаш на оние кои не ти значат и никој не може да те присили да правиш нешто што не сакаш.

Знаеш дека се доаѓа на свое место кога и понатаму чувствуваш страв и сомнеж но повеќе не се губиш во нив туку сфаќаш дека сето тоа е сосема природен дел од животот во кој не треба да придаваш многу внимание и енергија.
Кога немаш потреба да докажуваш било што на кого и да се обидуваш да разбереш туку почнуваш да живееш живот кој не е копија на она што некогаш било, туку е нова приказна која не сакаш да му ја препуштиш на случајот и околностите.

Се во животот ќе си дојде на свое место кога ќе почнеш да излегуваш од битките кои не водат никаде, затоа што мирот е многу по вреден од тоа дали си ти победник или не.

Прегледи:
686
Објавено на:
23.01.2020