Категории

Се избирам себеси!

Ова сум јас. Мислам како што мислам, изгледам како што изгледам, чувствувам како што чувствувам, сакам онака како што сакам. Тоа сум јас, комплетна, а не дел од вашиот калап кој сте го смислиле за мене.

Поголемиот дел од мојот живот се обидував да им угодам на другите луѓе, да не повредам никого. Фина и пристојна девојка. Поголемиот дел од својот живот се трудев да бидам помалку чувствителна, да не покажувам солзи пред секоја неправда која ми е нанесена.
Се грижев за другите и сакав некој да се грижи за мене. Сакав луѓето да ме сакаат. Сакав некој да ме посакува. Сакав да ме прифатат.

Поголемиот дел од мојот живот не бев среќна. Стално се жртвував себеси. Давав се од себе да ги усреќам другите, а јас патев. Никој тоа не го виде. Се уморив. Уморна сум од желбите да станам туѓа идеа за добро човечко суштество. Уморна сум од угодувањето, од правдањето. Уморна сум. Доста ми е од се. Проклество, ова сум јас.

Јас сум вредна, јас сум важна, јас постојам. Моите мисли се важни. Моите чувства се битни. Моите зборови се тука, слушнете ги, слушнете ја мојата вистина. И ако сето тоа сега ве лути и ви е непријатно, јас се избирам себеси и својата вистина. Одете ако ви е непријатно покрај мене. Одете затоа што јас ги избирам своите чувства и себе. Одете и олеснете ми.

Ова сум јас. Мислам како што мислам, изгледам како што изгледам, чувствувам како што чувствувам, сакам онака како што сакам. Тоа сум јас, комплетна, а не дел од вашиот калап кој сте го смислиле за мене.

Нема повеќе никој да ме менува затоа што не одговарам на неговата идеа за мене. Ако треба да се променам, јас ќе ја донесам таа одлука затоа што ќе се променам самата себеси онака како што јас сакам.
Прифатете ме онаква каква што сум или продолжете понатаму. Земи или остави, нема трето. Нема повеќе да живеам со половина срце. Кога сум лута, ќе го покажам тоа. И понатаму ќе бидам внимателна и сочувствителна спрема другите, но не давам повеќе од себеси на никого. Мојата среќа сега е на прво место.

Искрена сум, ќе се смеам, ќе плачам, ќе пеам, ќе сакам.. Го бирам она што мене ми е важно. Она што е добро за вас можеби не е добро за мене. Бирам да живеам среќна. Сите имаме право на избор. Јас се избирам себеси.