Категории

Секој ден може со себе да донесе нешто кое ќе биде вредно за живеење и паметење

Има денови кога вашиот живот изгледа повеќе како немилосрдна борба. Каде што не знаеш кој е на твоја страна, а кој е против тебе. И кога секој ден се соочуваш со нова загуба, раната станува се поголема, подлабока. Деновите кога падовите стануваат ваше секојдневие. Но, има една убава работа, секогаш можете да се вратите на добрите работи. Нешто што порано ве правело среќни. Ви ја исполнувало душата. Добрите луѓе, прошетките во природа, животот што некогаш го живеевте.

Не се откажувај. Остави ги зад себе сенките од минатото. И сфати дека имаш моќ во твои раце. Голема моќ. Да ги вратиш добрите денови. Создадете нешто што вреди да се спомене. Обликувајте го животот онака како што сакате и го заслужувате. Можеби нема да станете милионер или победник на некое големо натпреварување, но, ќе ги отстраните сите тие сомнежи и стравови од вашето срце. И ќе започнете слободно да дишеете. Во мир. Ослободени од сите внатрешни привиденија. Ќе гледате кон светот со нови очи. Со очи кои го враќаат тој вистински сјај на се убаво.

Прегледи:
444
Објавено на:
06.12.2021