Категории

Што и да се случува во твојот живот – Остани смирен!

Само кога ќе научиш да останиш смирен, тогаш вистински ти ќе господариш со својот живот, а не некој друг.

Остани смирен и покрај тоа што твоите планови не се оствариле и што другите се насладуваат на тоа.
Остани смирен и кога ќе почувствуваш дека во туѓите зборови нема вистина, единствен кој ќе ги трпи последиците на тие лаги се само тие самите. Остани смирен и кога ќе почнат да те критикуваат а и кога ќе ти упатуваат комплименти затоа што и кое и да е од тие двете, сепак се обидчни зборови.

Остани смирен што и да се случува околу тебе, тоа е најголемата животна филозофија. Дури и кога ќе доживееш голема победа, знај дека таа нема да трае вечно, гордоста само ќе го скрати твојот мир. Остани смирен и кога ќе бидеш повреден, и кога ќе ја доживееш најголемата тага и предавство, дозволи им само да поминат преку тебе како ветер. Остани смирен затоа што само така ќе успееш да ја останеш присебен.

Само кога ќе научиш да останиш смирен, тогаш вистински ти ќе господариш со својот живот, а не некој друг.

Прегледи:
480
Објавено на:
15.04.2020