Категории

Следниот пат кога ќе помислиш дека заостануваш – Само потсети сѐ колку далеку си стигнал

Се надевам дека се гордееш со себеси, затоа што треба!

Сакам да помислиш за ова време минатата година, имаше сон за кој мислеше дека не вреди да го следиш затоа што мислеше дека никогаш нема да се оствари. И сега сакам да помислиш на денешниов ден и да ги видиш сите начини на кои си ја претворил таа несигурна надеж во реалност.

Било дали станува збор за книгата која отсекогаш си сакал да ја напишеш, домот кој отсекогаш си сакал да го имаш, шансата која си мислел дека никогаш нема да ја добиеш и не ја заслужува.

Можеби беше желбата да пронајдеш некој во кого ќе се заљубиш и ќе направи да се откриеш себеси повторно. Можеби едноставно беше храброста да се разбудиш наутро и да станеш од својот кревет и да се соочиш со денот.

Што и да било тоа кое си го посакувал, погледни, го направи тоа. И само ти си заслужен за истото.
Се надевам дека се гордееш со себеси, затоа што треба!