Категории

Сонувај – Твоите соништа можат да те одведат далеку

Како да ги оствари своите желби и да ги живеете своите соништа – Всушност е многу лесно и потребно ви е многу малку..

Понекогаш не можеме нити да замислиме што не очекува кога храбро чекориме по својот пат, колку врати ни се отвораат, колку успеси остваруваме кога сме свои и го правиме она кое го сакаме. И што е најважно, колку човечки срца допираме.

„Целта не е дасе живее вечно, целта е да се створи нешто кое ќе живее вечно.“ – Chuck Palahniuk

Како да ги остварите своите соништа и да постигнете исполнување и задоволство:

-Знај што сакаш да правиш и прави го тоа
Кој си ти? Што сакаш да правиш? Што те исполнува и те прави да се чувствуваш живо? Што сакаш да правиш толку многу што губиш поим за времето? Што ти дава енергија и ти мами насмевка на лицето? Запрашај си ги овие прашања и одговри искрено. Кога си свесен што вистински сакаш да работиш тогаш тргни во акција и прави го тоа најдобро што можеш.

„Една од најхрабрите работи кои можете да ги направите е да се препознаете себеси, да знајте кои сте и во што верувате и каде сакате да одите“ – Sheila Murrau Bethel

-Верувај во себе и имај доверба во својот процес
Нити еден човек не постигнал успех и среќа во овој живот а да не верувал во себе и она кое што го прави. За успех е потребна верба во себе и доверба во целиот процес на своето постоење, создавање и делување. Што и да правиш, прави го со верба и имај доверба во процесот.

„Не верувај во своите стравови, не верувај дека светот е лошо место, не верувај дека животот е страдање, не верувај во се што ќе чуеш, но што и да правиш секогаш верувај во себе и имај доверба во своите способности“

-Секогаш вложувај во себе и своето знаење
Не постои личност која е среќна, успешна и исполнета а не вложува во себе и во своето растење. Сите успешни, квалитетни и добри луѓе секогаш вложуваат во себе и своето знаење. Тие купуваат книги, посетуваат семинари и работилници, посетуваат курсеви и знаат дека сето тоа е од исклучително значење затоа што само со работата на себеси можат да го збогатат својот живот и така можат да им помогнат и на другите луѓе.

-Наоружај се со трпение и упорност
Трпението во денешно време е исклучително вредна доблест, како и упорноста. Ништо не се создава преку ноќ, за се е потребно време. Само успешните луѓе знаат колку мораат да бидат трпеливи и упорни за да го постигнат тоа што го имаат денес. Понекогаш потребно е да се откажете од некои свои желби, потреби и задоволства поради долгорочно постигнување. Успехот бара одговорност, а одговорноста бара бројни жртвувања и откажувања. Но со трпение и упорност човек може да ја оствари секоја своја цел.

-Бидете свесни за својот потенцијал и вредност
Секој човек е уникатен сам по себе, така и ти. Никоја друга личност не може да биде ти и тоа е твојата предност. Биди свесен за својот потенцијал и своите таленти. Постоиш со причина и поради тоа почитувај се и цени се себеси.

Прегледи:
754
Објавено на:
19.06.2020