Категории

Совети за среќен почеток на денот – Како да го направиш посебен

Мали совети за позитивен почеток секој ден 

-Доколку си се разбудил со некое лошо чувство и денот ти тргнал во погрешна насока, излези надвор и прошетај. Немој да ги одбиваш поканите за дружба, социјализацијата го поправата расположението 99% од времето.

-Фотографирај глупави и смешни нешта. Нека се тоа нешта кои немаат смисла, некогаш можат да ти послужат како инспирација и ќе ти го разубават денот.

-Пиј чај секој ден, дури и ако не си голем љубител.. Чајот не е лек само за телото туку и за душата.

-Не си губитник ако си паметен и ако сакаш да читаш и истражуваш за нештата кои те интересираат. Оние кои не го прават тоа се губитници, интелигенцијата е cool.

-Кога си тажен, зборувај со луѓето. Слушај класична музика, таа најдобро ги опишува чувствата за кои не можеш да ги пронајдеш вистинските зборови.

-Ако сакаш некого, кажи му го тоа. Без страв и колебање. Искреноста е прекрасно нешто.

-Живеј за мигот. Немој да размислуваш премногу за иднината или „големата слика“. Немој да размислуваш премногу на долги патеки – прифаќај го секој нов ден и живеј го во целост, биди благодарен за малите нешта кои те прават среќен.

Прегледи:
660
Објавено на:
03.07.2020