Не обрнувај внимание на ситуациите, во сѐ постои нешто добро.
„Пет нешта кои мораш да ги запомниш пред да те испратам на свет. Секогаш памети ги и ќе бидеш најдобриот молив.“
Во почетокот му рекол Створителот на еден молив:
Прво: Ќе правиш големи нешта само ако дозволиш раката да те води.
Второ: Повремено ќе мораш да поднесуваш непријатности но тоа е потребно ако сакаш да станеш подобар молив.
Трето:Ќе бидеш способен да ја поправиш секоја грешка која ќе ја направиш.
Четврто:Она најдоброто што го имаш се наоѓа во тебе.
Петто:Без оглед на околностите во кои ќе се најдеш, мораш да продолжиш да пишуваш. Секогаш оставај јасна и читлива трага без оглед на тоа колку ситуацијата е тешка.
Моливот внимателног го послушал и ветил деќа секогаш ќе се сеќава на тие зброви.
Замисли дека ти си овој молив.
Прво:Ќе правиш големи нешта само ако дозволиш твојот Створител да те води. Така ќе дозволиш и другите да се збогатат од даровите кои ги поседуваш.
Второ:Ќе се среќаваш со проблеми и ќе ти биде тешко, но тоа ќе ти користи за да зајакнеш како личност.
Трето:Ќе бидеш способен да ги поправиш сите грешки кои ќе ги направиш.
Четврто:Ќе сфатиш дека она најдоброто што го имаш се наоѓа во тебе.
Петто:Каде и да одиш мораш да оставиш трага.
Не орнувај внимание на ситуациите, во се постои нешто добро. Создаден си да створиш големи нешта!