Категории

Стравот е во твојата глава, ти го храниш и ти можеш да го убиеш

Посилен си од своите мисли, немој да дозволиш да те контролираат, немој да бидеш нивен заложник.

Можеби треба едноставно да престанеш да размислуваш толку многу за нештата и да му дозволиш на животот да се случува.
Нештата да се променуваат. Секоја година прераснуваш во нешто ново.

Секоја година имаш можност да започнеш повторно од почеток. Да се издигнеш и да се соочиш со светот онака како што сакаш. Немој да се плашиш да паднеш, не плаши се од неуспехот, не плаши од скршеното срце, немој да се плашиш од ништо воопшто.

Стравот е во твојата глава, ти го храниш и ти можеш да го убиеш. Од тебе зависи.
Долгото и длабоко размислување те убива полека. Посилен си од своите мисли, немој да дозволиш да те контролираат, немој да бидеш нивен заложник.

Прегледи:
638
Објавено на:
30.07.2020