Категории

Твојата среќа е твоја одговорност – Престани да се грижиш за нештата кои не можеш да ги контролираш

Немој да се грижиш за нештата кои не можеш да ги контролираш. Престани да се држиш за болните сеќавања само затоа што се плашиш да заборавиш. 

Застани. Застани за миг и погледни се себеси. Ти си човек. Ти си прекрасно сушствество, и ти можеш да бидеш се што ќе посакаш. Немој да мразиш затоа што некој ти го скршил срцето, или затоа што те напуштил некој драг или некој де предаш, те удрил, некој те нарекол со некое погрдно име, ти кажал дека не вредиш.

Немој да се грижиш за нештата кои не можеш да ги контролираш. Престани да се држиш за болните сеќавања само затоа што се плашиш да заборавиш. Остави го минатото онаму каде што му е местото. Заборави ги нештата кои не вредат да бидат запаметени. Престани да ги сфаќаш некои нешта здраво-за-готово. Престани да го сфаќаш животот толку лекомислено. Живеј за нешто, живеј за себеси.

Заљуби се и одљуби се. Направи го тоа безброј пати. Кажувај им на луѓето како вистински се чувствуваш. Биди инспирација и надеж на другите, биди светлината во нечиј мрачен живот.

Запознавај нови луѓе и направи секој миг да се брои. Следи ги своите соништа и живеј го својот живот до максимум. Остави ги сите ужаси зад себе, за еден ден кога ќе остариш, да погледнеш назад без никакво каење.