Категории

Убавината не е секогаш она што се гледа: Чудесна приказна која ќе ви го промени погледот на светот

Убавината е во окото на набљудувачот, изрека која е потврдена безброј пати во праксата. Што е за вас убавината и како вашиот поглед на светот влијае врз вашиот живот?

Темата за убавината е вечен извор на дебата низ времето. Размислувајќи за убавината, дизајнерот Ричард Сејмур го преиспитува значењето и важноста на убавината за нас. Приказната која му ја раскажал неговиот татко кога бил мал, го променил неговиот поглед кога е во прашање убавината.

Приказната вели, во 18 век, постоел некој часовничар кој правел прекрасни сатови. Еднаш, некој муштерија го замолил да му го исчисти часовникот, направен баш од неговата рака.
Часовничарот го извадил скриениот дел од часовникот и муштеријата забележал дека тој дел е изгравиран. Тој го запрашал зошто го изгравирал делот кој никој не може да го види, а на тоа часовничарот одговорил: „Бог гледа“.
Иако не е религиозен, дизајнерот Сејмур оваа приказна длабоко го допрела и го променила начинот на кој тој гледал на убавината.
Без оглед на нашето сфаќање за Бог, суштината на убавината во оваа приказна е осликана на тој начин да не натера да сфатиме дека таа не е секогаш она што се гледа прво и паѓа во очи, туку и нешто кое може да се почуствува и со другите сетила.

Всушност, ние ја чувствуваме убавината. Задоволството е предизвикано од различни емоции и тоа не е секогаш убаво, но во тоа се крие парадоксот на убавината.
Исклучително тешко е да се пронајде нешто кое е универзално убаво за сите. Она што всушност влијае врз нашата перцепција за убавина е позадината на емоциите и информацијата која ја добиваме во врска со она што го посматраме, од кое произлегува внатрешната и надворешната убавина.
Предметите кои ги посматраме, ги гледаме преку себе, а не онакви какви што навистина се. Формирањето на емоционална врска со предметот на посматрање подразбира „електрична“ хемиска врска која се случува пред да помислите на неа.

Прегледи:
475
Објавено на:
31.10.2019