Категории

Важни правила за детоксикација: прочистување и ревитализирање на телото

Брзото темо на живот, изложеноста на стрес и нездрава храна се непријатели на нашето здравје, и затоа на секој од нас одвреме навреме му е потребен некаков вид на прочистување и ревитализација на телото.

Едноставна практика што кај сите се покажала ефикасна е пиење на цеден лимон со млака вода наутро, на празен желудник. Секако постојат и многу други важни правила, а ова се неколку корисни совети како да го започнете процесот на прочистување и ревитализирање на вашето тело:

Елиминирајте ги стимулансите

За да стартува метаболизмот и варењето на храната, првото важно нешто е да се избегнува храна која што ви ја црпи целата енергија при процесот на варење, како што е месото, рафинираните шеќери, кафето, целата процесирана храна и алкохолот.

Опивајте се со вода

Пијте минимум 2 литри вода дневно за да го потиснете копнежот по (нездрава) храна, и да ги исфрлите полесно токсините.

Дружете се со зелените кашести сокови

Соковите кои содржат зеленослистести растенија се полни со хлорофил кој ги обновува слабите крвни зрнца и помага да се ослободиме од старите. Тие исто така содржат влакна кои се важен дел од детоксификацијата бидејќи помагаат при елиминацијата

Запознајте се со супер-храната

Почнете да конзумирате гоџи бобинки, спирулина, пченична трева и чиа семе, за да го зголемите количеството на минерали во телото

Потете се

Било да е тоа со вежбање, топла бања или сауна, отворете ги сите пори и почнете со елиминирање на токсините.

Ослободете се од мртвите клетки

Истријте го целото тело со крпа или сунѓер погоден за отстранување на мртвите клетки од кожата пред да почнете да се туширате. На тој начин ќе ги одблокирате порите за да овозможите подобро елиминарање на токсините и ќе ја подобрите циркулацијата.

Практикувајте хидротерапија

Ова е одличен начин да ја разбудите секоја клетка во вашето тело и да имате повеќе енергија. Започнете со многу топол туш за убаво да се загреете, а потоа префрлете се на ладен туш околу 30 секунди. Повторете го овој процес 3 пати.

Смејте се

Стресот е токсичен и ги блокира сите функции на нашите тела, од јасно размислување па се до варење на храната и губење на вишок килограми. Читајте инспиративни содржини, дишете длабоко и правте го она што ве прави среќни!

Јадете жива храна

Oна што е од витално значење е да се јаде многу овошје, зеленчук, јатки, семки и никулци. Ваквата храна не е лишена од своите хранливи материи преку процес на загревање и е полна со ензими, овозможувајќи ви повеќе енергија и поцелосна детоксификација.